Дали Жан Митрев беше кај обвинителот?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Отиде ли Жан Митрев во Обвинителството да поднесе пријава?

Или не смее затоа што знае дека ќе одговара кривично за лажно пријавување?

Жан Митрев отиде само на Алфа ТВ, изнесе лаги за претседателот Филипче и го снема.

Очигледно единствената цел во рамките на црната кампања и сценариото за јавен линч на претседателот Филипче беше јавно да се фрли лага за измислен „рекет“ и со тоа да се занимава јавноста додека се увезуваат 10.000 странски работници.

Дефокус.

Прашање на време е кога повторно ќе ја активираат и Катица во кампањата, заедно со Боки 13. Доаѓаат мигранти, мора да се мачкаат очите на граѓаните.

Затоа и денеска се објавени повеќе од 200 текстови – дефокус од октоподот Алфа–Алта, создаден од ВМРО а финансиран со пари на граѓаните на Македонија, кои се испумпуваат преку тендери.

На ова мора да реагира Јавното обвинителство. Не да се води по медиумскиот линч.

Нека го викнат Жан Митрев, да оди во Обвинителството.