Филипче: Дефокус и лажни афери додека течат криминални тендери

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Наместо решенија и одговори за проблемите со кои граѓаните се соочуваат, сведоци сме на празни изјави на премиерот на ниво на жолт печат, без реална политика и дефокус од катастрофалната состојба во земјата со измислени афери, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко филипче, на денешната прес-конференција.

Филипче укажа дека премиерот Мицкоски ја сведе политиката во државата на ниво на таблоид, со цел да го прикрие криминалот и катастрофалната состојба во која се наоѓа земјата.

„Ова не е политика, туку дефокус. Дефокус од катастрофалната состојба во земјата, од реалноста и од проблемите, а тоа е примарна цел на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ“, рече Филипче.

Тој нагласи дека додека зад грбот на граѓаните се реализираат криминални тендери, во јавноста намерно се пласираат лажни афери, црни кампањи и јавен линч врз опозицијата.

„Додека течат криминални тендери зад грбот на народот му се сервираат измислени афери, црни кампањи, јавен линч врз опозицијата. Ќе објават нова измислица, освен зградата од 42 ката во Дубаи, некое патување во Дубаи преку Венеција. А во позадина се протнува Закон за странци, како вовед во носењето на мигранти, односно „економски работници“. Објавуваат лага на Жан Митрев на Алфта ТВ, нов фабрикуван случај „рекет“, а под маса си делат тендери. 161 тендер за една фирма, 51 тендер за фирма преку општините, 1,2 милиони евра тендери преку пошта, 9 милиони евра тендери за фирма со двајца вработени“ изјави Филипче.

Паралелно, како што кажа Филипче, додека ВМРО прави дефокус, нема одговор за суштинските прашања.

„Нема одговор ниту за изолацијата, нема одговор за ништо во однос на криминалните тендери кои што ги објавуваме скоро секојдневно. Има само дефокус“, рече Филипче.