Соопштение за јавност
Мицкоски, познат како македонскиот Мадуро, никого не може да уплаши со неговите јавни претстави за јавност во Собранието.
На овој начин, Мицкоски само покажува колку е тој усплашен, од тоа што АКТ на СДСМ му ги објавува криминалните тендери, од откриените медиумски октоподи, од Законот на САД за Западен Балкан, од процесите против корупцијата кои се однесуваат на целиот регион.
Му го знаеме планот со кој мисли дека ќе се спаси.
Мицкоски веќе ја започна последната фаза од неговата кампањата: репресија и политички прогон. Како што го научи неговиот Вучиќ по инструкции за неговиот израелски ПР експерт.
Се обидуваше да ја замолчи опозицијата со Декрет, со црни кампањи и јавен линч, преку спонзорирани објави од Алта, буквално на секој можен начин се обидува да ја попречи борбата на СДСМ против криминалот и корупцијата.
Менува јавен обвинител за да си стави под негова директна контрола, менува закони за правосудството, менува судии, сака да диктира и судски пресуди.
Сега јавно дава насоки, им дели задачи што да прават.
Што мисли Христијан Мадуровски дека како оние квислинзи ќе не плаши со кривични пријави?
Имаме чувство, полни се фиоките со бомби за криминал и корупција. Сите ќе ги објавиме.
И сите ќе одговарате!

