(Слика 2) Македонскиот Мадуро и неговите другари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Како што рековме, ВМРО ќе го брани својот Мадуро.

За сликата со криминалецот С.З., познат како Симе, кој беше уапсен со други лица со поголема количина дрога, оружје, муниција и голема количина пари, велат: „исклучиво само една фотографија“.

Сега што ќе прави ВМРО? Еве и втора слика.

Дали одговорот сега ќе биде „исклучиво само две фотографии“?

Каква е поврзаноста меѓу ВМРО, Симе и Мицкоски?

Имаме прашање и до македонскиот Христијан Мадуровски, кој е „шефот Оскар“ во Sky-преписките што се цитираат по судовите во Србија и Црна Гора?

Мицкоски, скапи часовници, приватен бизнис, слики со криминалци.