Соопштение за јавност
Граѓаните видоа како изгледа гостување на Никола Груевски на негова телевизија.
Пропаганда за лажни работни места, виртуелни, нереални инвестиции, фантомски гласачи и даноци во Белизе, тоа е денешното нарачано интервју на Никола Груевски на Сител телевизија.
Никола Груевски десет години ги лаже, ги краде граѓаните и нивниот глас.
Бројките за стотици илјади спорни и фантомски гласачи се дел од извештајот на ДИК за вкрстената проверка на податоците. Фантомите и спорните гласачи излегоа на виделина.
Затоа Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од теренска проверка. Знаат какви изборни измами и изборни криминали правеле и знаат што ги чека.
Мора да има теренска проверка согласно методологијата што ја утврдија и ја поддржаа сите членови на ДИК и мора да има чист избирачки список.
Фатен во изборна измама и криминал Никола Груевски е уплашен од соочување со одговорноста и казната од граѓаните.
Но, ништо не може да му помогне на Груевски. Секој што го прекршил законот ќе одговара.
Скопје, 19.03.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА