fbpx

Груевски со криминалното работење ја направи Македонија 13-та по мизерија во светот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Груевски не може преку статуси на Фејсбук да побегне од илјадниците фантомски гласачи и изборниот криминал. Груевски го следува соочување со одговорноста и од тоа бегање нема.

Груевски треба да напише како со своето криминално владеење ја направи Македонија тринаесетта во светот по мизерија.

Зошто го крие овој податок којшто покрај Като институтот го објави и Бизнис инсајдер, списанието на коешто тој се повикува.

Груевски однесе повеќе од 500.000 граѓани на прагот на сиромаштија.

Повеќе од 10.000 фирми се затворени благодарение на расипничките политики што криминалната власт на Груевски ги спроведува.

Груевски ја направи Македонија последна во регионот и Европа по странски директни инвестиции. Само 3,5 милиони евра странски инвестиции имаме во третиот квартал 2015 година.

Груевски треба да одговори за извлечќените повеќе од 5 милијарди евра пари на граѓаните надвор од државата.

Вистинската грижа за граѓаните ќе дојде во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ и Груевски ќе бидат испратени во историјата, а одговорната и чесна влада којашто ќе ја предводи СДСМ преку праведни даноци и праведна редистрибуција на доходот ќе ги врати парите назад кај граѓаните.

Скопје, 19.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести