Соопштение за јавност
Никола Груевски и неговите соработници 10 години ги лажат, крадат и малтретираат граѓаните, одржувајки се на власт на криминален начин.
Сега ќе се соочат со нивните фантоми.
Да не сонуваат Груевски и ВМРО-ДПМНЕ дека можат да избегаат од нив.
Ќе бидат теренски проверени спорните и фантомски гласачи во Избирачкиот список.
Така наложува Методологијата за прочистување на Избирачкиот список што ја усвоија во ДИК претставниците на сите 4 партии од власта и опозицијата.
Ова беше договорено, откако ВМРО-ДПМНЕ го одби предлогот за целосна теренска проверка на Избирачкиот список.
10 години ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не ги решија проблемите во Избирачкиот список.
Си знаат тие, растел бројот на фантомски гласачи во Избирачкиот список, но затоа што од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги додавале и множеле за да крадат избори.
Највисоките функционери на власта и ВМРО-ДПМНЕ се под истрага за злосторничко здружување за изборни измами.
Тие немаат право уста да отворат за Избирачкиот список.
Избирачкиот список мора да биде прочистен, теренска проверка мора да има, медиумски реформи мора да има.
Во Македонија може да има само фер и регуларни избори.
Скопје, 19.03.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА