Соопштение за јавност
Партиските послушници во Уставниот суд, Елена Гошева, Јован Јосифовски и Никола Ивановски нема да го спасат Никола Груевски од одговорност за изборните измами.
Срамната одлука на Уставниот суд е признание на изборниот грабеж и потврда дека Никола Груевски се плаши од соочување со одговорноста за криминалот.
Јавноста дозна за партиската поврзаност на Гошева и Јосифовски со ВМРО-ДПМНЕ.
За братот пак на судијата Ивановски е поднесена кривична пријава пред три години, а се уште не се знае ништо за неа.
Ќерката на претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева, Слободанка е директорка за регулатива и големопродажба во Телеком, каде што главен извршен директор е кумашинот на Сашо Мијалков, Жарко Луковски.
Слободанка Гиевска односно Гошева била потпретседателка на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, УМС.
Сопругот на Слободанка е Игор Гиевски, поранешен претседател на УМС на ВМРО- ДПМНЕ, сега член на Управниот одбор на ЕВН, именуван од владата.
Нејзиниот татко, односно сопругот на Елена Гошевска, Ѓорѓи Гошев, бил поранешен директор на Студентскиот центар, назначен од ВМРО-ДПМНЕ.
Другата ќерка на Елена Гошева, Бојана Гошева, работи во Агенција за електронски комуникации.
Јован Јосифовски и неговото семејство се исто така тесно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.
Од 2006-та до 2011 година Јосифовски бил претседател а и член на Државната изборна комисија предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Како член на ДИК, Јосифовски учествувал во избори што се предмет на кривично-правна истрага за изборни нерегуларности.
За Уставен судија, Јосифовски е предложен од Илија Димовски, односно од ВМРО-ДПМНЕ и во отсуство на пратениците од опозицијата е избран во 2012 година.
Дополнително, синот на судијата Јован Јосифовски, Борис, е генерален секретар во Кабинетот на Ѓорѓе Иванов, од ВМРО-ДПМНЕ.
Срамната одлука на Уставниот суд не може и нема да го заштити Никола Груевски и неговите соработници од одговорноста за изборниот криминал.
Скопје, 19.03.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА