Како 5 тони дрога поминала граница и кој ќе одговара ако била незаконски произведена

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Помина цела недела откако беше објавен картелскиот скандал со 5 тони дрога од Македонија, запленети во соседна Србија.

И после цела недела нема одговор како 5 тони дрога поминала преку македонската граница?

Кој ќе одговара? Кој во врвот на власта стои зад криминалниот бизнис со шверц на дрога?

Без поддршка од власта, структури во МВР, во Царина, во други институции, не може 5 тони да се шверцуваат.

Поврзаноста на криминални структури во Македонија и во Србија е пред очите на јавноста.
Молкот од власта е најсилна потврда.

Со медиумска кампања на заплени канабис власта дополнително се заплетка.
Ако се запленети 40 тони нелегално произведена марихуана тогаш што правела власта изминатите 2 години?

Кој го дозволил тоа? Кои се институции потфрлиле? МВР, Здравство, Земјоделие…?

Има точно пропишана законска процедура за производство и чување на медицински канабис за што се надлежни повеќе институции. Ако незаконски се произведени 40 тони сега владата треба да одговори кој ќе понесе одговорност од врвот на власта?