Соопштение за јавност
Срамно е оваа влада на која што секој ден и вадиме коруптивни скандал, која што ја тера државата во изолација, да најавува купување на нов владин авион, тоа е расипништво, исмевање во лице на работниците кои имаат вистинска мака и не може да врзат крај со крај, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието. Филипче посочи дека работниците заслужуваат достоинстен живот и 600 евра минимална плата, а власта ако има волја може да им помогне.
„Ако се сака, ова може да се направи. Сметаме дека минимална плата од 600 евра е нешто што работниците го заслужуваат и им е потребно за достоинствен живот ,во временски период кога синдикалната кошничка надминува 65/66.000 денари, кога една третина од трошоците одат за храна и пијалоци, дополнително тука се други трошоци и школски прибор за децата“, рече Филипче.
Тој додаде дека предлогот на СДСМ за обезбедување пари за 600 евра минимална плата е јасен и реален.
„Ги наведовме ставките од Буџетот каде што сметаме дека власта може да скрати пари. Тоа се категориите 42 и 46 од Буџетот, во кои што има делови за патни трошоци, за репрезентативен материјал, за патување и сметам дека власта може да покаже ширина, доблест, да покаже грижа за работниците, да скрати од овие пари и да се стигне до сумата од 7,5 милијарди денари во текот на оваа година, близу 120 милиони евра за да платата на работниците стигне 600 евра“, рече Филипче.
Дополнително, како што кажа Филипче, со предлогот на СДСМ се обезбедуваат и пари за поддршка за компаниите во делот на придонесите.
„Во овие делови на Буџетот може да се одделат и дополнителни средства со кои што ќе се субвенционираат придонесите кон платите кои што би се зголемиле и во приватниот сектор. Значи да не биде тоа на терет на приватниците, работодавачите, приватните фирми, да не се соочат со проблеми во ликвидноста, да државата ги субвенционира тие придонеси, а и тие работници кои што работат во приватниот сектор да добијат зголемување на платите“, рече Филипче.
На прес-конференцијата Филипче потсети дека во првите две години од мандатот на владата на СДСМ социјалната помош да се зголеми за 300% односно од 3.000 на 11.700, минималната од 8.000 на 14.500 денари. Инаку пратеничката група на СДСМ и коалицијата денеска во Собранието повторного поднесе Законот за измена на Законот за минимална плата.



