Соопштение за јавност
Земјоделците, веднаш по работниците, се новите жртви на криминалните политики на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ.
Владата на Мицкоски ги намали субвенциите за земјоделците за од 140 милиони на 100 милиони евра.
Тоа се 40 милиони евра директно одземени од маката, трудот и егзистенцијата на луѓето кои произведуваат храна.
Ова е огромен удар врз земјоделците, врз нивните семејства и врз домашното производство.
Пред изборите ВМРО – ОКГ им ветуваше 180 милиони евра субвенции. Наместо зголемување – добија кратење. Наместо поддршка – земјоделците се излажани и понижени.
Дополнително, условите се усложнети, праговите за добивање субвенции се зголемени, а добрите мерки воведени од СДСМ се укинати.
Укината е и авансната исплата на субвенциите – мерка што значеше сигурност за земјоделците а сега се намалени и субвенциите.
Владата нема пари за субвенции за земјоделците, нема пари за минимална плата од 600 евра, ама има пари за луксузот на владата, за нов авион за туристички патувања на Мицкоски.
Нема пари за работниците и земјоделците додека ВМРО-ЗНАМ вртат криминални тендери.
Дури посегнаа и по европските пари, поради што ИПАРД 3 програмата, беше суспендирана поради криминалите на ВМРО-ОКГ.


