fbpx

Заев: Сочувство до пријателскиот народ во Турција, најострo го осудуваме терористичкиот акт

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати Телеграма со сочувство до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, премиерот Ахмет Давутоглу како и до граѓаните на Република Турција.

„Изразувам искрено жалење и длабоко сочувство до вас, до семејствата на загинатите, до повредените, до пријателскиот народ во Турција за грозоморниот терористички напад што ја потресе Анкара, но и светот, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз.

Ја споделуваме големата болка за трагичната загуба на десетици лица и на уште стотина повредени во кукавичкиот акт, во којшто жртви на автомобил бомба се граѓани на автобуска станица во центарот на Анкара.

Најостро го осудуваме терористичкиот напад во Анкара.

Никој нема право да ја загрозува сигурноста и безбедноста на граѓаните каде и да живеат.

Се солидаризираме во битката на ЕУ и НАТО против тероризмот и поддржуваме интензивирање на соработката помеѓу државите против едно од најголемите зла во светот.

Се надеваме дека надлежните органи ќе го расветлат бруталниот инцидент во Турција и дека инволвираните ќе се соочат со правдата.

Се ставаме на располагање да помогнеме според нашите можности“.

 

 14.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести