fbpx

Заев: Добредојдовте во градот со вековна карневалска традиција

Facebook
Twitter
LinkedIn

Градоначалникот на општина Струмица и претседател на СДСМ, Зоран Заев, пред почетокот на главната интернационална карневалска вечер, организираше прием за гостите кои ја почитуваат долгата карневалска традиција на Струмица.

Во домот на АРМ, во пријатна атмосфера во духот на карневалот, искрено добредојде градоначалникот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, им посака на претставници на дипломатскиот кор во Република Македонија, на претседателот на Федерацијата на европските градови, Фердинанд Ван дер Крон, на претставниците на збратимените градови со општина Струмица, претставници на карневалските групи од странство и на поддржувачите и пријателите на карневалот.

Во обраќањето пред присутните Заев рече дека карневалот е гордост на Струмица и една од најголемите културни манифестации во Република Македонија.

-Со вашето присуство ни давате голема чест за оваа вековна културна манифестација која што Струмица и струмичани ги негуваат пренесени од своите дедовци и татковци. Да ве потсетам, минатата година бевме прогласени за еден од 20-те најдобри карневали во светот. Се надевам ќе ви приредиме незаборавно задоволство со кое, само по добро, ќе се сеќавате на нашата Струмица. Со вашето присуство, пред нас, се претставивте како големи пријатели и ви посакувам да се чувствувате како дома, рече Заев.

Домаќините и гостите на приемот си разменија пригодни подароци во знак на взаемна почит и долгогодишно пријателство.

По приемот сите заедно заминаа на градскиот плоштад во Струмица за да бидат дел од најголемата забава под маски во Македонија.

 

Последни вести