17 дена нема одговор за најголемиот нарко-скандал: како 5 тони дрога поминале преку граница

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Трета недела веќе, 17 дена нема одговор како 5 тони дрога, вредна 40 милиони евра поминале преку македонската граница во Србија.

Сите молчат за најголемиот нарко скандал во регионот, сите се прават дека ништо не знаат.

Мицкоски се прави дека не знае, Тошковски, Николовски, Тарчуловски, Томовски, цела Влада не знае.

На 65 илјади камери, скренери, контроли, полиција, царина, и никој ништо да не знае?

Молкот не е случаен, молкот е потврда дека скандалот со 5 тони дрога води во врвот на власта и дека некој де обидува да го заташка.

Не поминува дефокусот ниту лицитациите на Мицкоски за наводно запленета нелегална марихуана од 25, 40 или 100 тони.

Ако се произвела марихуана на површина од речиси 40 фудбалски стадиони, наводно нелегално, крива е повторно владата. Одговорност мора да има и за МВР и за Здравство и за Земјоделие и за инспекторати, за сите што требало да контролираат, а не контролирале, за сите што требале да спречат, а не спречиле.

СДСМ нема да дозволи најголемиот нарко скандал да се заташка. Сите ќе одговараат.