fbpx

Тетовчани со Кирацовски: Уплашената власт нема да се спаси преку Уставниот суд

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпредседателот на СДСМ и дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски, придружуван од членот на Извршниот одбор, Аднан Џаферовски синоќа беа во Тетово, на средба со жителите од населбите Ајдучко маало и Пржова бавча.

Условите во коишто живеат луѓето се катастрофални и самите тие едвај крпат крај со крај за да го поминат месецот. Свеста на граѓаните дека причината за ова е кај 10-годишната актуелна власт е голема и она што го наметнуваат како тема се политичките состојби во државата преку коишто знаат дека се единствено можни промени.

“Не може ние да живееме катастрофално, а на телевизија да ни прикажуваат дека тече мед и млеко“ реагираат тетовчани.

-Во медиумите под контрола на власта на Груевски влегуваат огромни суми ваши, народни пари, затоа тие ги објавуваат нивните лаги, наместо вашите вистини. Само за три години, на телевизиите Сител, Канал 5 и Алфа, власта на Груевски им дала огромни 13 милиони евра! Затоа, за да има фер и демократски избори мора да се обезбеди објективно информирање, на што граѓаните имаат право по закон. Потребна е политичка зрелост да се реши прашањето со медиумите, и власта на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ ако нема што да крие, нема од што да се плаши, ама јасно е дека тоа не е така. Но да не се надеваат на уште едни нерегуларни избори, рече Кирацовски.

Жителите со кои се сретнаа претставниците на СДСМ се интересираа како ќе се обезбеди правдата, со окупирани институции.

“Уставен суд да дозволи помилување на лица кои правеле криминал на избори, каде го има тоа, ова држава ли е, што ли е“ коментираат низ револт.

-На Уставниот суд му е должност да биде чувар на Уставот, а не партиска марионета. Ова што го прават уставните судии под контрола на групата која слушнавме дека е обвинета за злосторничко здружување за изборен криминал е невиден преседан. Уплашената власт нема да се спаси преку Уставниот суд, рече Кирацовски.

Тој порача дека е време за враќање на Република Македонија на вистинскиот, европски пат.
Оваа масовност на средбите и ангажираноста на граѓаните во промените најодлучно досега е порака дека победува граѓанска Македонија предводена од СДСМ, порачаа претставниците на СДСМ во Тетово. Тие зборуваа со граѓаните и за реалните мерки во Програмата на СДСМ за подобар живот за сите, за праведно општество, со еднакви граѓани, независно од каква било различност.

 

 

Последни вести