Соопштение за јавност
Лагите на Стевче Јакимовски се граничат со одредени психички состојби и затоа одамна не е сериозно ниту да се коментираат.
Едно е факт, Јакимовски е секогаш тука кога на Никола Груевски му е потребен некој да шири спектакуларни лаги за одвлекување на вниманието на јавноста од секојдневните скандали, изборните измами, хаосот со избирачкиот список, партиските одлуки на Уставниот суд, економското пропаѓање на земјата, криминалот на фамилијата.
Скопје, 11.03.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА