fbpx

Граѓаните масовно се вклучуваат во прочистувањето на Избирачкиот список

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните продолжуваат да ги пријавуваат бројните неправилности во Избирачкиот список на телефонската линија што ја отвори СДСМ.

Во текот на вчерашниот ден, на телефонскиот број што го отвори СДСМ пријавени се следнитенеправилности во избирачкиот список: 1.316 фантомски гласачи на домашни адреси на граѓаните, 49 непостоечки станови, 19 непостоечки влезови, 299 граѓани коишто не живеат на таа адреса, 12 гласачи запишани на адреси на деловни простории, и 80 починати лица.

На сите им е веќе јасно дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спроведувале криминални избори и дека го краделе правото на слободен глас на граѓаните.

Хаосот во избирачкиот список, фантомските гласачи впишани на една адреса додека за не се никаков привид, туку реалност.

Затоа овој хаос треба да се расчисти и секој што правел изборна измама или бил вмешан во изборен криминал да одговара.

Во Македонија мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори, со прочистен избирачки список и слободни медиуми.

Скопје, 11.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести