fbpx

Кадрите на Груевски признаа, фатени се во лага за бројката на вработени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Кадрите на Никола Груевски во Министерството за информатичко општество и администрација признаа дека Регистарот е спорен.

Иако министерката Марта Арсовска Томовска излезе со бројка од 127.139 вработени во јавниот сектор, денеска нејзините соработници ја правдаат дека сеуште се работело на негово дополнување.

Фатени се во лага министрите на Груевски!

Марта Арсовска Томовска тврдеше дека бројката на вработени во јавниот сектор се намалила во однос на лани.
Зоран Ставрески тврдеше за неколку илјади нови вработувања по основ на трансформација на работниот однос. Сега намален е бројот на вработени или зголемен е?
Арсовска Томовска исто така говори за околу 127 илјади вработени, а тоа не се совпаѓа со информацијата за признание на власта пред странците за бројка над 180.000.

Дополнително, лани Арсовска Томовска, пријави вработени во 1.354 институции.
Годинава Арсовска Томовска пријави вработени во дури 88 институции помалку!
Ако тоа биле вработени во пионерски домови, работнички универзитети и ликвидирани јавни претпријатија, како што ја бранат нејзините соработници, што барале тие вработени во списоците што биле доставувани до ДИК за претходните изборни циклуси?!

Хаос!

Реакцијата на кадрите на Груевски во МИОА е практично потврда на информациите од вработени во министерството, дека за претходните изборни циклуси биле селектирни вработени во списоците до ДИК, од коишто се избираат членови на општинските изборни комисии и избирачките одбори.

Што се однесува на динамиката на пополнување на Регистарот, ако некој недозволиво доцнеше со него, тоа е токму Министерството за информатичко општетсво и администрација. МИОА со месеци го проби законскиот рок да изготви Правилник по којшто институциите треба да ги прават систематизациите, а потоа излезе со комплициран софтвер по којшто институциите не можат да сработат систематизации со месеци.

Пресретната е власта на Груевски во намерата да манипулираат со бројката вработени и да доставуваат повторно селективни списоци.

Овојпат, не им поминува.

Мора да има Регистар со точен број вработени и фер и регуларни избори, сакале Груевски и соработниците или не.

 

Кабинет на дополнителен заменик на министер за информатичко општество и администрација

 

 

Последни вести