Обвинителот кој побара куќен притвор за Груби е Коцев, неговиот шеф Фидоски е назначен пред еден месец

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Обвинителот кој побарал куќен притвор за Груби е Даниел Коцев а негов шеф, обвинителот Анел Фисоски кој беше избран на оваа функција во Скопското јавно обвинителство пред еден месец, рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ на денешната прес конференција.

„Правната држава е целосно погребана. Дилот меѓу ВМРО-ОКГ и ДУИ се реализира пред очите на јавноста. Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено. Кој е предметен обвинител за овој случај? Даниел Коцев. А негов шеф? Обвинителот Анел Фидоски. Тој беше избран на оваа функција на 20 јануари 2026 година како одговорен на најголемото обвинителство во државата, значи пред еден месец. На кого веќе ова сценарио не му е јасно? Два месеци говориме за ова“, подвлече Димитријевиќ.

Тој потенцираше дека по „театарот на граница, со договорено враќање и режирано снимање, каде што го видовме како Груби доаѓа насмеан, со наочари“, следувало продолжението – куќен притвор.

„Затоа обвинителството и судството беа ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, за што СДСМ со месеци говори. Го сменија јавниот обвинител, избраа судии и обвинители под нивна контрола. Сопруга на екс градоначалник на ВМРО назначија за член на Судскиот совет, советник на Мицкоски во Уставниот суд, в.д. обвинителка избраа на поранешен заменик-министер на ВМРО. За в.д. претседателка на Кривичен ја назначија Даниела Димовска. Синоќа видовме зошто. За да бидат алка во рацете на власта, инструмент за реализација на политичките одлуки на Мицкоски и ВМРО-ОКГ“, потенцираше Димитријевиќ.

Тој додаде дека доаѓањето на Груби било временски темпирано.

„Прво преземање целосна контрола врз обвинителството со нова раководна поставеност, па потоа реализација на дилот меѓу ВМРО и ДУИ. Можеби им поминуваше со години, но повеќе не – граѓаните не се наивни ниту слепи. Граѓаните конечно гледаат сè и знаат. Одговорност ќе има“, порача генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.