Соопштение за јавност
Во обид да се испере за скандалозната одлука за куќен притвор на Артан Груби, Обвинителството директно го закопа Христијан Мицкоски.
Министерството за внатрешни работи, раководено од Панче Тошковски од ВМРО-ОКГ, и Агенцијата за национална безбедност, раководена од Бојан Христовски исто така од ВМРО-ОКГ, дале проценка дека Груби „не бил безбеден“ во „Шутка“, па затоа предложиле куќен притвор.
Не е прашањето дали државата не може да гарантира безбедност во притвор.
Ова е уште една потврда дека сè е договорено одапред.
Режираното сценрио за реализација на дилот меѓу ВМРО и ДУИ се случува пред очите на јавноста.
Кои обвинители постапуваа во предметот и кој го предложи куќниот притвор за Груби?
Предметен обвинител е Даниел Коцев, а негов шеф на Скопското Обвинителство е Анел Фидоски, кој беше избран на оваа функција на 20 јануари 2026 година.
На кого веќе ова сценарио не му е јасно? Два месеци говориме за ова.
Доаѓањето на Груби е очигледно временски темпирано, прво да се преземе целосна контрола врз обвинителството со нова раководна поставеност, па потоа реализација на дилот меѓу ВМРО и ДУИ.
Сега коцките на целото режирано сценариот се немастени.
Тошковски и Христовски од ВМРО-ОКГ даваат проценка, обвинители назначени од ВМРО-ОКГ реализираат.
Граѓаните конечно гледаат сè и знаат.
Мицкоски треба да излезе и да одговори што треба ДУИ да добие за возврат.


