Соопштение за јавност
Дали во ВРМО-ОКГ се свесни дека го потврдуваат тоа што го зборуваме од почетокот на овој циркус со Груби?
Како знае ВМРО-ОКГ што ќе проговори Груби?
Сè е договорено. Сè е дел од однапред смислено сценарио што се одвива пред очите на граѓаните.
Тоа веќе сите го знаат и го гледаат.
Театар на граница – очила, насмевка, камери… само уште црвен килим недостасуваше.
Имало безбедносна проценка, па немало. Дале МВР и АНБ, па не дале. Имало странски служби, па немало.
Циркус.
Дали во ВМРО-ОКГ се свесни дека секој ден тонат сè подлабоко во сопствените лаги?
Бране Петрушевски, како мегафон, ја повторува програмата на Алфа ТВ.
Мислите ли дека граѓаните се слепи и глуви?
Повеќе не ви поминуваат финтите со Дубаи, Харис, Венеција…Разоткриени сте.
Наместо овие ваши измиелсени лажни афери, одговорете – кој е Симо? Зошто има цел албум со Мицкоски?
Во каков однос е Мицкоски со Душан Адамовиќ, човек со богато криминално минато, високо позициониран член на вашата сестринска партија СНС?
Каде е д-р Жан?


