De facto и De jure и Симе исполнува услови за конзул како Адамовиќ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со денови прашуваме и нема одговори од Мицкоски кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен конзул на Македонија во Србија.

Дали воопшто исполнил некакви критериуми за да биде назначен за почесен конзул или само поради близината со Мицкоски е поставен?

Особено поради неговите ставови дека „Српска Македонија“ била окупирана, неговото криминално минато, бројните афери со кои се поврзува, меѓу кои и со оружје, врските со Москва како и близината со СНС сестринската партија на ВМРО-ОКГ.

Ако се земат предвид овие „критериуми“ и криминалецот Симе од сликите со Мицкоски може да го назначат за почесен конзул.

И Симе има криминално минато, пука со оружје, го цитира Шешењ пред руско знаме, има врски до ВМРО-ОКГ.

Бидејќи во вторник во Македонија доаѓа генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, што ќе каже Мицкоски за Адамовиќ и неговите врски со Русија?

Дали е тоа соодветно за земја членка на НАТО?

Имаме чувство дека Мицкоски не смее да одговори.