Соопштение за јавност
Jавноста секојдневно се запознава со хаосот во Избирачки список.
Еве нови примери.
На една адреса во Скопје се запишани 35 лица на иста адреса. На друга адреса во Скопје запишани се 15 лица коишто гласаат на две различни избирачки места.
Јавната проверка на листата на гласачи запишани во Избирачкиот список покажува дека и на адреса на државни институциии има запишани повеќе од 35 лица.
Овој хаос во избирачкиот список, огромниот број фантомски гласачи коишто се најдоа во секоја општина во Република Македонија, го потврди она што СДСМ го говори цело време, дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спроведувале криминални избори.
Хаосот со избирачкиот список е резултат на криминална политика која години по ред го крадела на граѓаните правото за глас.
Прочистен, кредибилен избирачки список е еден од предусловите за фер и демократски избори во Македонија.
Затоа независната институција, Државната изборна комисија, мора да обезбеди целосно прочистување на избирачкиот список за во Македонија да важи правилото еден човек-еден глас.
Исто така, секој што учествувал во изборна измама мора да одговара согласно законите.
Во Македонија мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори, со прочистен избирачки список и слободни медиуми.