Соопштение за јавност
Партиските послушници на Никола Груевски во Уставниот суд немаат морален ниту правен кредибилитет да одлучуваат непристрасно и законски туку само конфликт на интереси поради партиска поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ.
Ќерката на Елена Гошева, Слободанка, е директорка за регулатива и големопродажба во Телеком, кадешто главен извршен директор е кумашинот на Сашо Мијаков, Жарко Луковски.
Слободанка Гиевска односно Гошева била потпретседателка на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, УМС.
Сопругот на Слободанка е Игор Гиевски, поранешен претседател на УМС на ВМРО- ДПМНЕ, сега член на Управниот одбор на ЕВН, именуван од владата.
Нејзиниот татко, односно сопругот на Елена Гошевска, Ѓорѓи Гошев, бил поранешен директор на Студентскиот центар, назначен од ВМРО-ДПМНЕ.
Другара ќерка на Елена Гошева, Бојсна Гошева, работи во Агенција за електронски комуникации.
Но овде не застануваат партиските инсталации на ВМРО-ДПМНЕ во Уставниот суд.
Јован Јосифовски и неговото семејство се исто така тесно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.
Од 2006-та до 2011 година Јосифовски бил претседател а и член на Државната изборна комисија предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Како член на ДИК, Јосифовски учествувал во избори што се предмет на кривично-правна истрага за изборни нерегуларности.
За Уставен судија, Јосифовски е предложен од Илија Димовски, односно од ВМРО-ДПМНЕ и во отсуство на пратениците од опозицијата е избран во 2012 година.
Дополнително, синот на судијата Јован Јосифовски, Борис, е генерален секретар во Кабинетот на Ѓорѓе Иванов, од ВМРО-ДПМНЕ.
Да имаа Елена Гошева и Јован Јосифовски морален, личен и професионален интегритет самите ќе поднесеа оставки или ќе се иземеа од одлучување.
Срамната одлука на Уставниот суд не може и нема да го заштити Никола Груевски и неговите соработници од изборниот криминал.
Секој што го прекрши законот ќе одговара.
Скопје, 05.03.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА