Соопштение за јавност
Веб апликацијата на Државната изборна комисија, за граѓанска контрола на Избирачкиот список, покажа колку е неопходно навремено и темелно прочистување на избирачкиот список.
Се потврдува она што СДСМ го говори цело време.
Само неколку примери покажуваат дека на една адреса фигурираат по 60, па дури и повеќе лица.
На една адреса во Скопје се запишани 66 лица.
На една адреса во Ресен се запишани 34, а на друга 24 лица.
Уште еднаш се потврди она што го покажа Вистината за Македонија, дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски организирале криминални избори, преку корупција, фантомски гласачи и злоупотреби на државните институции.
Прочистен, кредибилен избирачки список е еден од предусловите за фер и демократски избори. Без прочистен Избирачки список нема фер и демократски избори.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги охрабрува граѓаните да продолжат да го проверуваат избирачкиот список и да го искористат законското право да пријават неправилности до Државната изборна комисија.
Граѓаните се тие коишто ќе одлучуваат за иднината на својата земја на фер избори.
Во Македонија мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори, со прочистен избирачки список и слободни медиуми.