fbpx

Од ВМРО-ДПМНЕ признаа, ги излажале професионалните војници

Facebook
Twitter
LinkedIn

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ признаа дека ги излажале професионалните војници кои штрајкуваа со глад, дека ќе ги вработат.

Од кај Груевски признаа дека не е вработен ниту еден војник од стотиците професионални војници кои се на улица, без работа.

Пред 5 дена истече последниот рок според измените на Законот за служба во АРМ за вработување на професионалните војници.

Емил Димитриев, лично од позиција на генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ тоа јавно им го вети, но во стилот на неговиот претходник Груевски, си поигра со професионалните војници!

Фатени во безобразната лага, Груевски, Димитриев и ВМРО-ДПМНЕ влегоа во нова лага.

Професионалните војници по закон не можат да бидат полицајци, така што јалов е обидот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да се правдаат дека
професионалните војници требало да бидат гранични полицајци.

Колку им е важна Армијата на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат фотографиите во прилог на ова соопштение, направени во Воената академија во
Скопје и во времениот објект на јужниот граничен премин каде работи војската.

Ова е заедничкиот лажнен патриотизам на коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

СДСМ кога ќе ја добие одговорноста од граѓаните да ја води државата, ќе го врати достоиството што го заслужува Армијата на Република Македонија.

 

Скопје, 05.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести