Филипче: ВМРО е таблоидна партија, fake news

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Обвинувањата од ВМРО веќе на сите им се смешни, тие обвинувања од ВМРО се викаат лажна вест, fake news, измислена афера и црна кампања, посочи претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во интервју за неделникот Фокус, во однос на извештајотна ЦИА и обвинувањата од ВМРО поврзани со името на државата.

„Тоа воопшто не е обвинување, затоа што обвинување може да дојде од некоја релевантна страна, а не од таблоидна партија како ВМРО“, рече Филипче.

Во интервјуто Филипче посочува дека тоа што го покажува документот на ЦИА, говори дека Киро Глигоров, како и СДСМ, секогаш мислеле на Македонија.

„Секогаш сме биле чувари на државноста. Во секоја ситуација што ја покажува сериозноста и државноста на СДСМ, а ВМРО измислува како да го обезвредни тоа. Така е и со ова“, рече Филипче.

Тој додаде дека постои уште еден документ на ЦИА што ВМРО не го споменуваат, а се однесува на атентатот на поранешниот претседател Глигоров.

„Верувам дека многумина имале можност да го видат. Излезе во исто време кога и овој, само што ВМРО преку медиумите го презентира селективно, како и секогаш. Во тој документ пишува кој учествувал во атентатот врз Киро Глигоров. Можете да погодувате. Па, секако, ВМРО“, рече Филипче.