Соопштение за јавност
Корупцијата доведе до трагедијата во Кочани, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за неделникот „Фокус“. Филипче посочи дека токму поради корупција падна настрешницата во Нов Сад во Србија а во Кочани исто поради корупција се случи трагедија во која 63 млади лица го загубија животот.
„Еднаш реков дека Србија има натстрешница, а Македонија Кочани. Она што најмногу е заедничко е корупцијата! Корупцијата што ја водат ВМРО и СНС. Таа корупција доведе до паѓање на натстрешницата во Нови Сад, а изгледа дека истото доведе и до трагедијата во Кочани“рече Филипче.
Тој додаде дека наместо одговорност и искрена помош, Мицкоски исто како и Вучиќ, од трагедијата направи ПР.
„Ако се сеќавате, Вучиќ одеше во болница со голем број камери и ја снима посетата на повредените. Замислете повредени што се на стерилни одделенија, без право на посета за да не дојде до инфекција, а тој носи цела свита заради својата кампања. Веднаш потоа Мицкоски го направи истото. Дали се свесни дека можеле да им го загрозат животот на тие пациенти? До каде оди и што ризикуваат, само заради кампања?“, посочи Филиче.
Во интервјуто Филипче нагласи дека државата со ВМРО на власт „киксна“ на секое поле.
„Овде нема држава, овде има криминална организирана група – ВМРО“, рече Филипче.



