ЗНАМ, како и ВМРО – ПРОТИВ ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Првиот човек на здружението ЗНАМ, отпадникот од СДСМ, Максим Димитриевски, кој ја продаде својата партија, во служба на криминалната организација ВМРО, започнува со две кампањи.

Првата кампања е директна анти-ЕУ кампања со изјави „ЕУ – Да, ама… без компромиси!“.

ЕУ по правилата на криминално-коруптивната група?!

Значи без реформи, без малцинства во Уставот (Мицкоски вели нема додека е тој премиер), без слобода на медиуми (ВМРО држи 40% од медиумите во сопственост преку Орбан), без слобода на говор (тој Декрет веќе го изгласаа во Собранието), без реформи во правосудството (Мицкоски поставува судии, свои советници, донесува закони без примена на препораките на ЕУ…)…

Накратко, без демократија, права и правда!

Еве така тие замислуваат да преговараат со ЕУ.

Повеќе од 70% од граѓаните на Македонија сакаат во ЕУ! Граѓаните мора да сфатат дека со нив нема ништо од ЕУ, нема правна и демократска држава.

Луѓето кои ги излажаа своите гласачи во кампањата дека ќе го сменат името (последиците се јасни на сите), намерно не ги применуваат препораките на ЕУ и реформите само затоа што нема да можат да продолжат со своите тендер-коалициски шеми.

Втората кампања е намалување на цензусот и бројот на пратеници.

Оваа кампања има две цели.

Првата цел е да се раситнат гласовите, да се збуни бирачот и да се направи контролирана опозиција.

Втората цел е тие „сателитски партии“ на ВМРО да можат да влезат во Собранието.

Еден од таквите проекти е обидот за создавање проруско здружение под името „Српска демократска лига“, копија на „Српска лига“, десничарска, проруска партија од Србија во служба на Вучиќ.

Ова здружение го прави, повторно отпадник од СДСМ и до неодамна соработник на здружението ЗНАМ – Саша Богдановиќ.

Најсмешно е што човекот зборува за континуитет со партијата „Српска лига“ од 1908 година, која постоела неполна година во тоа време.

Тој има континуитет со нешто што постоело во време на Турците?!

Овој измеќар на Милош Вучевиќ и СНС, кој го ангажирала српската државна безбедност – БИА, уште во своите први настапи, организирани од страна на ВМРО и нивните медиуми, го користи за напад врз СДСМ.

Драги граѓани на Македонија, еве уште два проекта на лажниот патриотизам.

Се најавуваат и други, а вие проценете што им е идејата.

Македонија – црна точка на Европа или можеби светла иднина, Македонија како дел од големото семејство на демократското општество.

Кога Марта Кос, комесарката за проширување на ЕУ, вели дека нема место за нови членки на кои Русија и „други“ имаат влијание, дека на Европа не ѝ требаат „тројански коњи“, нека ви биде јасно на која земја-кандидат се мисли!