fbpx

ВМРО-ДПМНЕ потврди, со парите на земјоделците се финансираат медиумите на Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ не демантираше ама баш ништо од денешната прес конференција на дополнителниот заменик министер Љупчо Николовски.

Со тоа ВМРО-ДПМНЕ на директен начин потврди дека парите на вистинските земјоделци се финансираат медиумите на Никола Груевски, задолжени да шират лаги и да ја кријат вистината за криминалното владеење на фамилијата.

ВМРО-ДПМНЕ не ја демантираше ниту изјавата на Цветков дека фирмата „Трансмет“, на сопственикот на ТВ Нова, Сеад Кочан, добила тендер од дополнителни 8,5 милиони евра од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

Затоа освен Сител телевизија, чиј сопственик е синот на Љубисав Иванов Ѕинго, и ТВ Нова се натпреварува кој повеќе ќе одработи за Груевски.

За период од една недела, од 16.02.2016 до 22.02.2016 на МРТВ, Сител, Канал 5 и Алфа, емитувале позитивни прилози за ВМРО-ДПМНЕ во времетраење од 5 часа и 58 минути.

Негативни прилози за ВМРО-ДПМНЕ нема воопшто. Ама затоа негативните прилози за СДСМ се во времетраење од 2 часа и 22 минути.

Ова е уште една потврда зошто се потребни слободни медиуми.

Во Македонија мора да има и ќе има, слободни, фер и демократски избори. Избори со прочистен избирачки список и реформи за слободни медиуми.

Оние што го прекршиле законот и ги злоупотребиле парите на граѓаните, на земјоделците, мора да одговараат.

Скопје, 01.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести