fbpx

Да се расчисти нападот на доктор во Велес од страна на кадар на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува насилничкото однесување на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ коишто работат во општата Болница во Велес.

Според информациите од вработени во Болницата, доставени до нас, пред два дена, на хируршкото одделение во Општата Болница во Велес од страна на др. Петре Кодовски, којшто воедно е и член на ИК на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и координатор на хируршките одделенија нападнат бил друг доктор кој е пред пензија, на кого, спроед информациите, му биле нанесени телесни повреди.

Насилничкото однесување на Кодовски, член на ВМРО-ДПМНЕ не е непознато за јавноста. Но станува се почесто како кон вработените во оваа Болница, така и кон пациентите.

Кодовски е и осудувано лице на една година затвор, за смртта на десетгодишниот Месерт Зекиров, кој почина на 31 мај 2010 година. Неговата пресуда сеуште не е правосилна.

Медицинските лица се револтирани и со право реагираат. Тие со страв одат на своето работно место, плашејќи се дека нешто може да им се случи.

Никола Груевски, Никола Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ се најголемите уништувачи на здравствениот систем во Македонија. За жал, цената за хаосот во здравството секојдневно ја плаќаат граѓаните.

Ги повикуваме надлежните институции да го истражат овој настан и целосно да го расветлат случајот.

 

Последни вести