Филипче: Нема да дозволам ВМРО да ја руши СДСМ од внатре

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, јасно порача дека ќе го заштити единството на партијата и нема да дозволи ВМРО да ја руши од внатре.

„Суштината на оваа партија е да се постигне консензус, да се изгради консензус, да се изградат политики врз основа на различни мислења на многу луѓе и јас и раководството го правиме сето тоа во изминатите повеќе од година ипол време. Така било, така е, и така ќе биде и тоа е суштината на градењето на добри политики, да се сослуша секој еден. Но некој да одработува за ВМРО-ДПМНЕ, јас тоа, како што кажав, нема да го дозволам“, потенцираше Филипче во одговор на новинарско прашање.

Тој се осврна и на најавите на платформа за рушење на СДСМ:

„Вчера излезе некоја изјава дека има некаква Платформа од некои луѓе коишто не сакаат ни да се потпишат. Имале, пишува таму гревови, кажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ била најголема партија, дека опозицијата била раситнета. Што може да се очекува и што може да се позадината освен да е тоа пишувано во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ и дадено на некои луѓе тоа да се презентира како некаква платформа“, рече Филипче.

Тој јасно порача дека нема да дозволи каков било обид за разединување на партијата одвнатре.

„Со секој еден којшто излегува во јавност да плука по оваа партија, да ја ситни, да ја дели, јас нема да го дозволам и апсолутно ќе се спроивставам на тоа. Секако конструктивно мислење ќе биде сослушано, ќе биде земено предвид, вратите се отворени за сите. Но, не и на злонамерниците, коишто во периодот кога почнуваме, и мислам дека веќе успеваме да ја разоткриеме оваа власт, каква е суштината на оваа власт, корумпирана, криминогена и антиевропска. Граѓаните тоа го препознаа“, рече Филипче.