Филипче: „Платформата“ е пишувана во белата палата на ВМРО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање изјави дека таканаречената „платформа“ која се појави во јавноста има политичка позадина и е насочена кон слабеење на СДСМ, а според содржината се упатува на тоа дека е пишувана во белата палата на ВМРО.

„Вчера излезе некоја изјава дека има некаква платформа од некои луѓе кои што не сакаат ниту да се потпишат. Кажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ била најголема партиј,а дека опозицијата била раситнета.Што може да се очекува и што може да е позадината, освен да е тоа пишувано во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ и дадено на некои луѓе тоа да се презентира како некаква платформа“, рече Филипче.

Тој нагласи дека СДСМ ќе се спротивстави на секој обид за внатрешно разединување и напади врз партијата. Филипче додаде дека СДСМ останува отворен за конструктивни идеи, но нема да дозволи деструктивни влијанија кои имаат за цел да ја ослабнат опозицијата.

„Конструктивно мислење ќе биде сослушано, ќе биде земено предвид, вратите се отворени за сите, но не за злонамирниците кои што во периодот кога почнуваме и мислам дека веќе успеваме да ја разоткриеме оваа власт, каква е суштината на оваа власт, корумпирана, криминогена и антиевропска. Се што им останува е да не ситнат и да не делат. Граѓаните тоа го препознаа, дека оваа влада нема капацитет да води држава, ниту имаат желба, ниту имаат визија, ниту една добра политика немаат спроведено“, рече Филипче.