Филипче: СДСМ е единствената неконтролирана опозиција – затоа сме мета на напади

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, рече дека СДСМ како единствена неконтролирана опозиција во земјава е цел на напади.

„Вчера излезе некоја изјава дека има некаква платформа од некои луѓе коишто не сакаат ни да се потпишат. Имале, пишува таму гревови, кажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ била најголема партија, дека опозицијата била раситнета. Што може да се очекува и што може да се позадината освен да е тоа пишувано во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ и дадено на некои луѓе тоа да се презентира како некаква платформа. Пазете ќе биле платформа затоа што единствената неконтролирана опозиција во земјава а тоа е СДСМ, а не требало да биде “, рече Филипче.

Тој посочи на фактите дека СДСМ веќе успеа да ја разоткрие оваа власт, корумпирана, криминогена и антиевропска, а граѓаните веќе препознаа, дека власта немаат капацитет да ја водат државата, ниту имаат желба, ниту имаат визија, и затоа е мета на напади.

„Една добра политика кажете која ја спроведе ВМРО-ДПМНЕ и Христијан во изминатите две години власт, една добра политика. Платите не треба да растат, цените не ги контролираат, земјоделството нема субвенции, во здравството ништо. Во реформите, ништо нула. Ќе помине возот за Европа. Нема да не примат утре, ќе се сменат околностите во 2027-ма, многу брзо се менуваат, ќе останеме слепо црево во Европа. Тука на Балканот сите земји ќе одат напред, што прави оваа власт сега кога тоне на сите анкети, нормално да ја дели СДСМ од внатре. Јас тоа нема да го дозволам, рече Филипче.