Соопштение за јавност
Медиумите под контрола на Никола Груевски се ставија во целосна одбрана на срамните одлуки за заштита на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ со изборните измами.
Фамилијарните инсталации на Груевски во судството, од тефтерчето, наместо да го штитат Уставот и уставниот поредок, го рушат функционирањето на правдата и правната држава.
“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” со месеци молчат за милионите на нивните сметки, но затоа секојдневно ги бранат партиски диригираните одлуки на Уставниот суд коишто ги испорачуваат партиските послушници на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.
Поврзаноста на „Република“ со даночниот рај на фамилијата Белизе, отвора сериозни сомнежи. Јавноста дозна и за поврзаноста на радиото Слободна Македонија со фирмата НВСП на Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.
Вистината за Македонија откри дека фирмата НВСП на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што братучедот на Груевски, Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.
Затоа Никола Груевски не сака слободни медиуми. Никола Груевски сака да го користи медиумскиот мрак за спас на сопствената кожа и за да шират лаги во одбрана на криминалните активности, корупцијата и изборните измами што ги правел врвот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е уште една потврда зошто е потребна слобода на медиумите и зошто е неопходна регулација на медиумскиот простор во интерес на граѓаните.
Скопје, 29.02.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА