Кој друг од власта е вмешан во новиот корупциски скандал во земјоделието?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нов корупциски скандал ја тресе Владата на Мицкоски и Министерството за земјоделство на Цветан Трипуновски.

Директорот на државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, е уапсен за примање поткуп од 50.000 евра.

Ова е уште еден доказ за делувањето на организираната криминална група – ВМРО.

Пред само неколку месеци се случи исто така корупциски скандал во кој директор на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството исто така беше уапсен за мито од 50.000 евра.

Поради овој корупциски скандал ИПАРД 3 програмата вредна 130 милиони евра беше суспендирана.

Блокираната ИПАРД 3 програмата, намалени субвенции за 40%, намалени откупни цени, заради криминалците од власта страдаат земјоделците.

Прашањето е кој друг од власта е вмешан?

Не може толку многу корупција да има на пониските ешалони а оние од врвот во Министерството и во најкорумпираната Владата на Мицкоски да не знаеле.

СДСМ бара темелна истрага која ќе утврди одговорност од првиот до последниот.