Платформата на ВМРО за уривање на СДСМ не помина – сега „нова ПР агенција“

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Сè уште игри, леб никаде…

Зоран Башановиќ, па Цвијетин Миливојевиќ, агенција Прагма од Белград, сега агенција Ај Медија од Ниш, Милјан Счекич – вие како што тргнавте, ќе кажете половина агенции од Србија.

Ама никако да ги кажете оние Израелци што седат кај вас?!

Како не разбирате дека дефокусот повеќе не поминува кај граѓаните?!

Завршено е со тоа!

Затоа имате историски најголем пад на рејтингот. Граѓаните ве прочитаа, како не разбирате?

Вашата поддршка за „борба“ против криминал и корупција исто така не поминува.

Вашите луѓе се уапсени. Тоа се ваши кадри! Можете да ставате фотографии на Заев, Филипче… ама за џабе.

Вие, ако сакате да се борите против криминал и корупција, морате да ја уапсите половина партија ВМРО-ОКГ.

Главниот е во бегство, во Будимпешта.

Овој што е овде, работи со дрога!

Ете, оттаму почнете.

Повеќе не поминуваат лаги, како што беа лагите за името, дека ќе го вратите. Да вратите БЈРМ или ФИРОМ.

Не поминува повеќе да лажете дека е загрозен националниот идентитет. Не е. Јазикот е признат, дури и Бугарија ве демантира.

И повеќе не мора да погодувате кој работи ПР – за нас работи Харис Џиновиќ. Тоа барем сите го знаат.

Кој лаже, тој краде. А кој краде, мора во Идризово!

На лагите им се кратки нозе. Првиот ни избега, овој нема!

Ќе одговарате, тоа веќе го знаете?

Поздрав од Бихаќка!