fbpx

Медиумските курири повторно неуспешно шират лаги за Шекеринска

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Медиумските курири, платени со пари на граѓаните, повторно се обидуваат да шират лаги и на било каков начин да ги поврзат со заменик претседателката на СДСМ.

Како и многу пати досега и овој последен обид на медиумските курири да конструираат случај таму каде што го нема заврши неуспешно.

Да имаше нешто, било што, незаконско или нешто непријавено, власта во заминување ќе апсеше неколку пати. Поминаа 10 години, ВМРО-ДПМНЕ не најде ништо затоа што нема ништо ниту незаконско ниту непријавено.

Оттука е нервозата, плукањето, измислувањето на медиумските курири.

Вистината за Македонија покажа чии се јахтите и луксузните куќи, кој купувал парцели на Водно, мерцедес од 600 илјади евра со телевизори и масажери, со пари на граѓаните на Македонија, најсиромашната држава во Европа.

Скопје, 28.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести