Соопштение за јавност
Носителот на столбот Партнерства за демократска Македонија, Стево Пендаровски заедно со членката на Извршен одбор, Сања Лукаревска и пратеникот Стојко Пауновски, денеска беа помеѓу граѓаните на општина Врапчиште.
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ 10 години ги делат тендерите, Груевски и Ахмети се браќа по пари. Соочени со фактот дека немаат никаков резултат позади себе, се обидуваат да фингираат меѓуетнички тензии. Овие филмови на Никола Груевски и Али Ахмети не поминуваат, нагласи Пендаровски во село Галате.
Граѓаните се согласија дека во Македонија се потребни промени, со цел да се вратат слободата, демократијата и европските вредности во земјата.
Мора сите ние да влијаеме да се поттикне заедништвото наспроти поделбите коишто ги наметнуваат Груевски и неговите најблиски соработници. Тие така функционираат, делејќи го народот. Македонија е наша земја, ние немаме резервна татковина. Мораме да бидеме дел од светот, да се натпреваруваме со другите земји, а не самите помеѓу себе, потенцираше Пендаровски.
На средбите со граѓаните во Зубовце стана збор и за актуелната политичка состојба во Македонија.
Пред да дојде 5-ти јуни, ќе мора да се исполнат условите за одржување на фер и демократски избори, рече Пендаровски.
Никола Груевски се обидува да си ја спаси сопствената кожа. ВМРО-ДПМНЕ и Груевски не победуваат на слободни и демократски избори. Тоа го потврди и Уставниот суд со срамната одлука со којашто се потврди дека во Македонија се правеле изборни измами, истакна Пендаровски.