Соопштение за јавност
Медиумските курири грчевито ги бранат срамните одлуки на Уставниот суд коишто ги испорачуваат партиските послушници на Никола Груевски.
Наместо да го штитат Уставот и уставниот поредок, партиските инсталации во судството го рушат функционирањето на правдата и правната држава.
Медиумските курири пак, наместо да го штитат интересот на јавноста се ставија во одбрана на срамните одлуки за заштита на криминалот со изборните измами.
Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и медиумските курири во суштина го признаа изборниот криминал и изборните измами за коишто веќе се покренати постапки.
“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.
Јавноста дозна за поврзаноста на „Република“ со даночниот рај на фамилијата, Белизе. Како и за поврзаноста на радиото Слободна Македонија со фирмата НВСП на Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.
Вистината за Македонија откри дека фирмата НВСП на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што братучедот на Груевски, Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.
Затоа Никола Груевски не сака слободни медиуми. Куририте и медиумскиот мрак му се потребни на Никола Груевски за да шират лаги во одбрана на криминалните активности, корупцијата и изборните измами што ги правел врвот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е уште една потврда зошто е потребна слобода на медиумите и зошто е неопходна регулација на медиумскиот простор во интерес на граѓаните.
Скопје, 26.02.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА