fbpx

Лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ е на штета на државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Повторно се покажа дека лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ е на штета на државата.

Соочени со целосно загубена доверба од граѓаните, во страв од одговорност за криминалот и корупција во изминатите 10 години, ВМРО-ДПМНЕ сака да создава тензии и да провоцира инциденти.

Самиот факт што поставувачи на објектите се градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, двете коалициски партии коишто со години се во власта, кажува кои се организаторите на инцидентите.

Со ваквиот неодговорен однос, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ прават штета на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ ги потценува граѓаните на Република Македонија. Не поминуваат провидни сценарија.

Граѓаните се обединети во борбата против корупцијата, криминалот, обединети се во желбата за промени, за враќање на слободата, демократијата и европските вредности во Република Македонија.

СДСМ осудува било каков чин на насилство.

Скопје, 27.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести