Филипче: Потребни се мерки и за поддршка на ранливите категории граѓани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мора да им се олесни на граѓаните во оваа тешка криза, затоа се потребни и посебни пакети мерки за одредени категории на граѓани, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче ја повика власта да ги прифати четирите мерки што ги предложи СДСМ, но дополнително да донесе и пакет мерки за одредени категории на граѓани, како што тоа веќе го прават земјите од регионот.

„Што направи нашата влада, намали само ДДВ на горивата. Потребни посебни пакети мерки за посебни категории на граѓани, за социјално загрозените, луѓе се посебни потреби, најсиромашните пензионери, луѓе со ниски примања, семејства со повеќе деца. Се тоа што ние го правевме за време на кризите. Владата не направи ништо не воведе ниту една мерка да им помогне на овие категории на граѓани. Го слушнавме хрватскиот премиер, воведоа конкретни мерки. Освен што се ограничија цените на горивата на бензините, на гасот, одредени категории на граѓани добија помош – земјоделци, социјални случаи, рибари итн, тие на коишто најмногу им е потребно“, рече Филипче.

Притоа, Филипче потсети дека во периодот на најголемите кризи, ковид кризата и енергетската криза, владата на СДСМ подели 2 милијарди евра директна помош кон граѓаните, особено кон најзагрозените категории на граѓани, а дополнително имаше помош за ученици, за студенти, за луѓе со посебни потреби и други.

„Потребни се мерки како што ние и нашата влада имплементираше и воведуваше за време на справувањето со кризите, за време на ковид кризата, тогашната енергетска криза, кога почна војната во Украина. Само со такви мерки директни кон одредени категории на граѓани посебно најзагрозените тие коишто сега најмногу се жалат што очекувано дека не можат да се прехранат, најсиромашните категории пензионери, социјалните случаи, семејствата со многу деца, најслабо платените работници, мораат да видат да видат некаква помош од државата“, рече Филипче.