Филипче: Единствен што коленичеше е Мицкоски кога молеше за власт и лажеше дека ќе го врати името

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Единствен што коленичи беше Христијан Мицкоски, кога молеше за власт и ветуваше враќање на името, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“, на телевизија Телма.

Филипче посочи дека тој е дел од лажна реторика на Мицкоски додека свесно ја изолира државата од Европската Унија.

„Целосно сме изолирани, слепо црево. Ќе се сменат приоритетите во Европска Унија веќе нема да биде така широко отворена вратата, какви кој знае услови ќе дојдат доколку Албанија стане земја членка пред нас. И што ќе правиме ние? Што оваа влада ќе прави, кој ќе понесе одговорност?“, рече Филипче.

Тој додаде дека ВМРО како влада и после две години покажа дека нема ниту план ниту визија за напредокот на државата и обезбедување подобра иднина за граѓаните.

„Политиката се сведува на тоа дека оваа влада нема апсолутно никаков план, ниту визија, ниту пак нешто прави добро за граѓаните и за државата во изминатите две години. Пола мандат е поминат граѓаните не видоа никаков бенефит нема ниту еден голем значаен проект, освен тие што се завршуваат, почнати во времето на владите на СДСМ“, рече Филипче.

Линк до видео:

https://www.facebook.com/TVTelma/videos/1631839721290494