Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски е прокси руски играч во регионот и тука во Македонија, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“, на телевизија Телма.
„Тоа што се повеќе излегува на виделина всушност дека премиерот Христијан Мицковски е прокси руски играч во регионот и тука во Македонија. Еврокомесарката за проширување Кос, кажа дека нема да примаат во Европа тројански коњи, а сега гледаме изминативе денови во текот на вчерашниот ден како унгарскиот министер за надворешни работи Петар Сијарто бил тој кој што ги пренесувал сите теми од затворените состаноци на Европскиот Совет изминатите повеќе години на рускиот претседател Путин. Што направи Христијан Мицкоски и нашата влада, не ставија во скут на таа земја на тие луѓе директни соработници на рускиот претседател и агресор Путин“, рече Филипче.
Притоа, Филипче додаде дека не станува збор за некоја традиционална близина меѓу Македонија и Унгарија туку за бизнис интереси, а за сметка на тоа државата ги губи парите од европските грантови.
„Што е причината и зошто тогаш сме задолжени една милијарда евра преку владата на Орбан со самото доаѓање на таа влада. Понатаму како дадоа приоритет на Коридорот 10 над Коридорот 8 со што земјава изгуби 140 милиони евра, огромен дел грантови од Европска Унија. Зошто и што е причината?Што е причината за доаѓање на унгарскиот телеком „Фор Ај Џи“ тука кај нас и тоа е телеком кој што го води човек близок во премиерот Орбан, што е причината да за инвестиции во енергетскиот сектор наеднаш да дојдат унгарски компании, повторно ќерки фирми на луѓе од Унгарија блиски до премиерот Орбан“, рече Филипче.
https://www.facebook.com/TVTelma/videos/1631839721290494

