Мицкоски не стави во скут на Орбан и на соработници со Русија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Што направи Христијан Мицкоски и нашата влада? Не ставија во скут на Орбан, на таа земја , на тие луѓе, директни соработници на рускиот претседател и агресор Путин“, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во емисијата Топ Тема на Телма.

„Видовме во текот на вчерашниот ден како унгарскиот министер за надворешни работи, Петар Сјарто, бил тој којшто ги пренесувал сите теми од затворените состаноци на Европскиот совет изминатите повеќе години на рускиот претседател Путин“, рече Филипче.

Филипче посочи дека се повеќе излегува на виделина дека премиерот Мицкоски е прокси руски играч во регионот и во Македонија.

Toj посочи на економските и инфраструктурните последици од ваквите политики.

„Која е причината и зошто тогаш сме задолжени една милијарда евра преку владата на Орбан со самото доаѓање на таа влада? Понатаму, како дадоа приоритет на Коридорот 10 над Коридорот 8, со што земјава изгуби 140 милиони евра грантови од Европската унија. Која е причината за доаѓање на унгарскиот телеком ‘Фор Ај Џи’ тука кај нас, кој го води човек близок до премиерот Орбан? И што е причината приоритетите на министерството за енергетика за инвестиции во енергетскиот сектор наеднаш да ги добијат унгарски компании, повторно ќерки фирми на луѓе од Унгарија блиски до премиерот Орбан? Значи, не станува тука збор за традиционална близина меѓу двете земји.“, појасни претседателот на СДСМ.

Филипче оцени дека целосното блокирање на европскиот пат има сериозни причини:

„Како го тогаш објаснуваме целосното блокирање на европскиот пат и зошто тоа се прави? Затоа што јасно, Унгарија ги поткопува сите механизми на делување на стратегиите на Европската унија. Тие сеуште ги блокираат 90 милијарди помош за Украина, што е еден од приоритетите на Европската унија.“, заклучи Филипче.

Линк до видео:

https://www.facebook.com/TVTelma/videos/1631839721290494