Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма рече дека нападите врз СДСМ одвнаре се во интерес на ВМРО и потенцираше дека во време кога СДСМ ја разобличува криминалната власт нема да дозволи да се фрагментира партијата заради лични интереси на поединци.
„Ќе покажам апсолутно цврст став да ви кажам и да знаат сите. Јас нема да дозволам да се фрагментира партијата заради лични причини по примерот на ЗНАМ. Еве што е тоа што на некој му сметало во нашите политики. Затоа што ако нас не елиминираат во оваа борба тешка со ВМРО-ДПМНЕ каде што имаат ставено капа на буквално секоја институција. Ја партизираа до максимум ја држат државата по страна од европскиот пат и ја пљачкаат на секој ниво зашто вадиме скандали секој ден па некој да тргне по нас извинете тоа е само знак дека одработува за ВМРО-ДПМНЕ. Што направи движењето ЗНАМ еве што направи? Не можам да дозволам јас да доаѓаат луѓе коишто се стимулирани и пратени од ВМРО-ДПМНЕ. Излегуваат на Орбановите медиуми коишто нас сакаат да не ослабат дополнително поради тоа што само со фрагментиран СДСМ ова слабо и се послаба ВМРО-ДПМНЕ може да владее. Јас тоа нема да го дозволам. “ рече Филипче.
Секој конструктивен е добредојден а овие злонамерници коишто сакаат да не делат само во интерес на ВМРО-ДПМНЕ ќе доживеат ваква судбина, додаде претседателот на СДСМ, Венко Филипче.


