ОТВОРЕН ПОВИК за самокандидирање за Претседател на Форумот на пензионери на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Врз основа на член 78а од Статутот на СДСМ, Одлуката за распишување на избори за претседател на Форумот на пензионери на СДСМ и Начинот, постапката, и роковникот за кандидирање и избор на претседател на Форумот на пензионери на СДСМ, усвоени на осмата седница на Централниот одбор на СДСМ одржана на 25.03.2026 година, се објавува:

 

ОТВОРЕН ПОВИК

за самокандидирање за Претседател на Форумот на пензионери на СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува сите заинтересирани членови на СДСМ, да поднесат кандидатури за Претседател на Форумот на пензионери на СДСМ, а притоа да ги исполнуваат критериумите од Начинот, постапката, и роковникот за кандидирање и избор на претседател на Форумот на пензионери на СДСМ.

Утврдени критериуми од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија за поднесување на кандидатури за Претседател на Форумот на пензионери на СДСМ лицата потребно е да ги исполнуваат следните критериуми:

  • да уживаат висок авторитет, углед и доверба во нивната средина;
  • да бидат членови на СДСМ во моментот на поднесување на кандидатурата;
  • да го исполнува условот од чл.9 на Правилникот за организација и начин на функционирање на Форумот на пензионерите на СДСМ односно да остваруваат право на пензиско осигурување (старосна или инвалидска пензија) врз основа на позитивните законски прописи.
  • да бидат доследни во остварувањето на политичките и програмските определби на СДСМ;
  • да имаат јасна визија за идниот развој и делување на Форумот на пензионери на СДСМ на централно ниво, да поседуваат силни политички и организациски способности, да поседуваат вештини за јавен настап;
  • да се однесуваат со почит и толеранција кон партиските колеги;
  • да потпишат изјава за прифаќање на Етичкиот кодекс на СДСМ и истиот во целост да го почитуваат;
  • кандидатот за Претседател на Форумот на Пензионери на СДСМ, покрај исполнувањето на горенаведените критериуми, должен е да достави програма за работа за двегодишен мандат.

Заинтересираните кандидати своите програми за работа треба да ги достават во период од 27.03.2026 до 10.04.2026 година до Претседателот на СДСМ, во седиштето на Партијата на ул.“Бихаќка“ бр.8 Скопје.

Дополнителни информации и обрасци за постапката (стандардизирана биографија и програма, пријава за самокандидирање, пријава за прифаќање на Етичкиот кодекс на СДСМ и Начинот, постапката, и роковникот за кандидирање и избор на претседател на Форумот на пензионери на СДСМ) се објавени на огласна табла во просториите на општинските организации на СДСМ и просториите на Градската организација на СДСМ-Скопје, како и на веб страната на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија – www.sdsm.org.mk.

ДОКУМЕНТИ:

Отворен повик (ЛИНК)

ОДЛУКА за распишување на избори за претседател на Форумот на пензионери на СДСМ (ЛИНК)

НАЧИН, ПОСТАПКА И РОКОВНИК ЗА КАНДИДИРАЊЕ И ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФОРУМОТ НА ПЕНЗИОНЕРИ НА СДСМ (ЛИНК)

ПРАВИЛНИК за организација и начин на функционирање на Форумот на пензионерите на СДСМ (ЛИНК)