„Историско“ зголемување на платите работниците го дочекаа со историско зголемување на цените

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Сè поскапува, цените на храната растат секој ден, а владата на Христијан Мицкоски не презема ништо.

Единствената мерка на Мицкоски – намалување на ДДВ за горивата од 18% на 10% не даде никаков ефеткт. Цените на горивата се покачија и во изминатиот период континуирани се поскапувања на храната.

Зејтинот е поскапен и веќе цените седвижат и до 118 денари, кафето од 120–140 денари, меленото месо е поскапено и сега е од 730 до 840 денари, пилешкото месо над 400 денари, јајцата над 110 денари. Во исто време, цените на зеленчукот и овошјето се исто така покачени, пиперките достигнуваат и до 300 денари, доматите над 200 денари.

Ова е секојдневие на илјадници македонски семејства кои се борат како да обезбедат храна, како да го наполнат фрижидерот.

Кога носиш часовник од 65.000 евра, овие цени не се високи. Но, за работниците на кои не им е зголемена минималната плата, па дури и за административците на кои им се нуди само 7% зголемување, затоа што, како што вели Мицко „колку работат, доволно и имаат“ – нема да издржат ни до 15-ти во месецот.

Граѓаните осиромашуваат а платите не растат. Власта одби да ја покачи минималната плата и сега ниту 600 евра плата не се доволни да се живее достоинствено.

„Историско“ зголемување на платите работниците ќе го дочекаат со историско зголемување на цените и ќе остане запаметена историски најлошата Влада.

Наместо да ги штити бизнис интересите Владата на Мицкоски веднаш да ги прифати мерките на СДСМ за 0% ДДВ за храната, намалување на акцизите на горивата за 4 денари, намалување на ДДВ за горива на 5%и преполовување на патарините.