Соопштение за јавност
Пред точно 6 години, на денешен ден во 2020 година, Македонија стана 30-та членка на НАТО Алијансата — историски момент, исполнет национален интерес и голем државен успех!
Со одговорни и државнички политики, СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку една од најбрзите пристапни постапки во историјата на Алијансата. Со тоа обезбедивме трајна безбедност, стабилност и сигурност за државата и за сите наши граѓани. Така се работи за татковината кога постои желба, волја, одговорност и сериозност.
Во време на глобални безбедносни ризици и воени конфликти, уште појасно се гледа колку оваа одлука била значајна.
Денеска, зад безбедноста на Македонија стои најмоќниот сојуз во светот — НАТО!
Сите ние сме особено горди на овој национален и државнички успех.
Линк до објавата:
https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/pfbid02vcJ7HCacsGwoUvgZXUdFx9Thon2C9rMH2kXfTHitbfmvSdjdNGvhmAjktPGAKKhHl




