Соопштение за јавност
Денеска, членот нa Извршниот одбор и претседател на Комисијата за одбрана на СДСМ, Максим Димитриевски, заедно со Гоце Чакаровски, претседател на Комисијата за здравство на СДСМ, беа помеѓу граѓаните на Вевчани.
За нас струјата е луксуз, во јануари немавме струја со месеци, рече еден од граѓаните на средбата Димитриевски.
Поради криминалните политики на Груевски тука во Вевчани немате струја ама во Скопје има споменици за коишто се потрошија 630 милиони евра. Македонија мора да се ослободи од криминалот и корупцијата за да се врати на вистинскиот пат. Кога СДСМ ќе ја превземе одговорноста да ја води државата, по победата на следните фер и демократски избори, ќе ги промени приоритетите. Парите ќе ги насочиме кон решавање на проблемите на граѓаните. СДСМ ќе ја врати евтината тарифа на струјата и ќе го зголеми домашното производство на електрична енергија, нагласи Димитриевски.
На средбите се разговараше и за актуелната политичка ситуација во државата.
Димитриевски рече дека во Македонија нема услови за фер и демократски избори на 24-ти април што е јасно потврдено и од меѓународната заедница, од ЕУ и САД. Без прочистен Избирачкиот список и без реформи за слободни медиуми нема услови за регуларни, кредибилни избори. Дури и Европарламентот денеска упати јасна порака со тоа што го одложи гласањето за Резолуцијата за Македонија. Во Македонија мора да има слободни, фер и демократски избори, потврдени од меѓународната заедница. Демократските промени ќе се случат на слободни избори, рече Димитриевски во Вевчани.